Sunday, November 26, 2017

Шагринска кожа - ликот на Рафаел

Во книгата "Шагринска кожа" од Оноре де Балзак, се опишани последните настани од животот на Рафаел (главниот лик во ова дело).
  Овој лик е статичен бидејќи како за решение на неговите проблеми го сметал самоубиството без ни малку размислување. Тој е млад студент без визија, човек чија животна смисла е бесповратно изгубена поради незадоволството кое му го пружил животот. Сепак, на ова влијаело и општеството во коешто живеел ликот, односно, град полн со коцкарници, места кадешто луѓето како Рафаел си го исполнувале времето.

Животот на овој лик, е неспоредлив заразлика со нашиот денес. Кога тој ја добил кожата таа станала негов сопственик. Со секоја негова желба , таа постепено се намалувала, а со тоа, ќе се намалуваат и деновите во животот на нејзиниот сопственик. Што се однесува до погледот на останатите ликови кон Рафаел, нивното мислење исклучително влијае на неговиот начин на живот. Без разлика што сите го гледаат на различен начин: како паметен човек кај кого има потенцијал за подобар живот, или пак како личност што убаво се однесува и успева да се пробие во високото друштво, главниот лик е свесно пробува да се претстави во најдоброто светло и да стане член на

Продолжувајки подлабоко во содржинаа на ова дело, можеме да заклучиме дека ликот на Рафаел е компелсен. Ова го гледаме од постојаното менување на погледот на ликот кон светот и неговите животни случување На почетокот, погледот на Рафаел е  прилично реалистичен, но потоа заслепен од парите и од моќта несваќа дека тие не се основната цел на животот. Дури на крајот кога имал се што сакал, овој лик дошол до знаење дека материјалните работи и богатството се минливи, додека здравјето, љубовта и среќата се многу побитни во животот.

Главната идеја е дека преку богатство и пари единствено може да се стигне до некои работи на полесен начин, но тие во никој случај не се рецепт за исполен и среќен живот.

Sunday, November 19, 2017

Повикот на дивината


             Темата  во делото „Повик на дивината“ од Џек Лондон e суровиот живот на кучето Бак кое доживува огромен број на настани. Тој е јунак во лектирата воистовремено и главниот лик.
               Бак во оваа книга е динамичен лик, а тоа можеме да го заклучиме од неговите спротиставувања на општеството. Тој според своите постапки укажува на паметен и храбар лик којшто воопшто не е наивен. Општеството во коешто живее Бак е различно од нашето. Сите ликови го гледаат Бак различно, едни како конкуренција, други како непријател, но има такви што го сметаат за мило и храбро куче, подготвено да помогне на сите. Бак бил свесен за тоа како го гледаат другите, исто така и за неговите постапки и однесување. Единствена личност на којашто и верува Бак е Џон Тортмон, на него е лојален и го смрта за добар човек. Погледот на Бак кон луѓето околу него е сосема реалистичен, веднаш си ги распознава пријателите и непријателите. Овој лик е комплексен, бидејќи низ целиот живот поминал низ добри и лоши случки. Самиот се соочил со киднапирање и успеал да го преживее тоа на потешкиот начин.
              Личноста и карактерот на Бак се пример за силна личност, кучето што сите би сакале да го имаат како пријател.

Monday, November 6, 2017

Паноснки легенди

   Во панонските легенди е опишан животот на светците Кирил и Методиј. Оваа книга е најстаротооригинално дело од словенската писменост. Се смета дека двете житиа се напишани од страна на Климент Охридски.
   Житието на Кирил, го прикажува овој светец како божји пратеник. Авторот објаснува како Бог го испратил Кирил како учител на луѓето. Во продолжение хронолошки се подредени следните  настани и мисии:
  ~раѓањето, семејството о образованието на Кирил;
  ~Арапска мисија-со цел на ширење на христијанството, Константин успешно ја завршил;
  ~Хазарска мисија-учествувале двајцата браќа, Хазарите побарале врски со Византија за да го ослабнат влијанието на еврејските и арапските мисионери.
  ~Моравска мисија-најзначајна бидејки е причина за создавање на словенската азбука. Кнезот Ростислав бара мисионери од Византија да го шират христијанството на словенски јазик.
     Вториот дел од делото е житието на Методиј. Напишано е 16 години подоцна и го истакнува потеклото на браќата. Во главниот дел опишано се мисиите, исто како и во кириливото житие. По тоа следува борбата на Методиј со германското свештенство, противењето на словените како и барање  на кнезот, Методиј да биде назначен за архиепископ. Исто така, опишана е борбата за спроведување словенски јазик, покрај сите пречки.
     Идејата од делото е да де докаже правото на словените за создавање писменост и свој јазик .