Во панонските легенди е опишан животот на светците Кирил и Методиј. Оваа книга е најстаротооригинално дело од словенската писменост. Се смета дека двете житиа се напишани од страна на Климент Охридски.
Житието на Кирил, го прикажува овој светец како божји пратеник. Авторот објаснува како Бог го испратил Кирил како учител на луѓето. Во продолжение хронолошки се подредени следните настани и мисии:
~раѓањето, семејството о образованието на Кирил;
~Арапска мисија-со цел на ширење на христијанството, Константин успешно ја завршил;
~Хазарска мисија-учествувале двајцата браќа, Хазарите побарале врски со Византија за да го ослабнат влијанието на еврејските и арапските мисионери.
~Моравска мисија-најзначајна бидејки е причина за создавање на словенската азбука. Кнезот Ростислав бара мисионери од Византија да го шират христијанството на словенски јазик.
Вториот дел од делото е житието на Методиј. Напишано е 16 години подоцна и го истакнува потеклото на браќата. Во главниот дел опишано се мисиите, исто како и во кириливото житие. По тоа следува борбата на Методиј со германското свештенство, противењето на словените како и барање на кнезот, Методиј да биде назначен за архиепископ. Исто така, опишана е борбата за спроведување словенски јазик, покрај сите пречки.
Идејата од делото е да де докаже правото на словените за создавање писменост и свој јазик .
No comments:
Post a Comment